Дознајте кои се најсекси мајки во Холивуд

8 август, 20110
gisele_bundchen-738

Денес мајките се разликуваат една од друга. Не е како што беше некогаш. Или се мајки кои се посветени на домот, семејството и децата или се посветени на себе.

Кристина Агилера

Кристина Агилера е една од младите мајки во Холивуд. Таа не може секогаш да се пофали со убава линија, и секси тело, но сепак може да се каже дека брзо по породувањето се врати во топ форма. Но, нажалост таа не е застапена во медиумите по мирниот и семеен живот. Нажалост се почесто ја има по неморалното однесување, често опијанување, менување на партнерите…

 

 

Пенелопе Круз

Пенелопе е типичен пример за тоа како треба да изгледа една мајка. Откако таа се породи се посвети на своето дете, но не престана да биде секси. Нејзината актерска кариера за момент направи пауза, но сепак улогата на мајка и одговара повеќе. Пенелопе се враќа на актерството, но тоа не значи дека таа нема повеќе да му посветува внимание на семејството. Таа е прекрасна сопруга и мајка, велат блиски пријатели на Пенелопе.

 

 

Кејт Хадсон

Кејт ја задржа својата добра линија и по првото породување. Во јануари месец таа ја објави веста дека е повторно бремена, но и во бременоста таа изгледаше привлечно. Мирна, тивка, скромна но сепак и секси за многумина, Кејт е една од мајките кои се посветија на своето дете и предност му дадоа на семејниот живот.

 

 

Денис Ричардс

Оваа актерка од самиот почеток на наејзината кариера плени со убавиот изглед. И по двете породувања таа важи за една од најсекси жени во Холивуд. Сега нејзините деца се веќе пораснати, но таа е подеднаково убава и привлечна. Сеуште ги краси насловните страни на многу магазини и важи за една од најсекси актерките во Холивуд.

 

 

Софија Вергера

Софија се породи во 1992 година на 20 годишна возраст. Деновие таа шета заедно со својот син, но ретко кој би можел да рече дека таа му е мајка. Тие кога се заедно изгледаат како пријатели. Тешко дека некој би погодил колку години има Софија:)

 

 

Сандра Булок

Сандра е пример дека не треба да се роди за да се биде мајка. Таа го посвои своето дете, но одлично се снаоѓа во улогата на мајка. За мирот и спокојтсвото на своето дете таа пожртвува многу работи. Тоа е доказ дека Сандра е одлична мајка. Папраците често ја гледаат на секојдневни прошетки, што покажува дека таа навистина ја сфати сериозно улогата на мајка.

 

 

Кендра Вилкинсон

Веројатно ја познавате Кендра. Таа е една од девојките на Хју Хефнер. Таа се породи, но нејзиното тело како да не доживеа ниту една промена. Сега, најново од неа беше Танцот со познатите, каде таа цврсто чекореше со младите момчиња. Затоа може слободно да кажеме дека таа е една од најсекси мајки во Холивуд.

 

 

Хали Бери

Хали е една од жените со најубаво тело во Холивуд. Таа го роди своето прво дете во март 2008 година. Но, атрактивното тело на Хали продолживме да го гледаме, а и активноста во глумата продолжи како и пред тоа. И по многуте трауми, и несреќни љубови Хали успеа цврсто да застане на нозе. Љубовта кон нејзината ќерка и помогна во сите проблеми, изјавиле блиски пријатели на Хали Бери.

 

 

Гвен Стефани

Гвен се омажи во 2006 година, а две години подоцна го роди вториот син. Таа покажа колку позитивна мајка е. Заедно шеташе со своите деца во парк и се забавуваше исто како и тие. По напорниот работен ден, таа секогаш одвојува време за нив. Кога е со децата таа им е вистински посветена, велат блиските пријатели на Гвен.

 

 

Хајди Клум

Хајди е мајка на четири деца. Кој би рекол? Нејзиното тело изгледа како на девојка која штотуку зачекорила по модните писти. Таа за четири месеци по последното породување застана на писта гордо носејќи ги моделите на Викториа Сикрет. Освен како успешен модел и бизнисмен, таа е горда и на стабилниот брак и големото семејство.

 

 

Жизел Бундхен

Џизел го роди своето прво дете во декември 2009 година. Дека таа е во одлична  форма говори и фактот што е најбаран и најплатен модел за 2011 година. Рекордите во заработувачката ги има таа неколку години наназад. Блиските пријатели на Жизел велат дека таа најуспешно го прави балансот помеѓу моделството и мајчинството.

 

 

Џенифер Лопез

Латино-американската дива Џеј Ло, најубавата жена за 2011 година е мајка на две близначиња. Кога Џеј Ло беше бремена целото внимание на новинарите и модните критичари беше свртено кон неа. Сите се воодушевуваа на убавината на Џеј Ло. Кратко време по породувашето Џеј Ло се врати на сцената со огромни успеси. Но, тоа не значеше дека таа се посвети само на својата кариера. Подеднакво им се посвети и на своите две деца. Прошетките, излетите, одморите и секојдневната грижа беше неизоставен дел од нејзиниот живот. Освен што таа во слободно време е со своите деца, веќе почна и да ги вовлекува во шоубизнисот. Тие веќе имаат сликано неколку рекламни кампањи за Гучи.

 

 

Миранда Кер

Сигурно ќе се сложите дека Миранда Кер е една од најсексите мајки во Холивуд. Подобрата половина на Орландо Блум, и по породувањето е дел од екипата на Викториа Сикрет. Миранда ужива во споделувањето на моменти со нејзиното дете, и за почит е нејзината нова улога на мајка.

 

 

Џесика Алба

Заслужена титула. Џесика зрачи со сексипил и по породувањето, и на прошетките со бебето во раце. Таа е повторно бремена, но нејзиното тело има промена само во пределот на стомакот. Секси и провокативна дури и со трудничко стомаче. Браво за Џесика.

 

 

Анџелина Џоли

Ангелина покажа сексипил и женственост во многу нејзини филмови. Одлична сопруга, мајка, актерка, режисер, хуманист. Талент кој не се оспорува. Мајка е на шест деца, со кои поминува голем дел од времто, но сето тоа не се одрази на нејзиниот изглед. Таа сеуште плени каде и да се појави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi