Фишер: Името не треба да е предуслов за почеток на преговорите

21 јуни, 20110
712B6170C281424196EE2F1FC402CB88
На денешната средба австрискиот претседател Хајнц Фишер со претседателот Иванов, истакнал дека неговата земја смета дека решавањето на прашањето за името не треба да биде предуслов за одредување датум и за почеток на преговорите за членство на Македонија во ЕУ.
“Грција сигнализира дека услов е решавањто на името. Но, сметаме дека за одредување датум и  почетокот на преговорите не треба да се чека решението. Проблемот може да се реши и на крајот на преговорите. Тие треба да почнат и паралелено да течат двата процеса. Така ќе се даде поттик“, истакна Фишер на заедничката прес конференција со македонскиот колега.
Според него, актуелната економска криза во Грција не треба да влијае на решавањето на името, бидејќи двете прашања не се поврзани.
Иванов се согласил дека името не треба да биде предуслов за пристапувањето во ЕУ и оти евринтеграцијата на Македонија и решавањето на прашањето за името можат да се одвиваат паралелно, посочувајќи го како позитивен пример решевањето на проблемот меѓу Хрватска и Словенија, што му го отвори патот на Загреб кон Брисел.
“Грција е во криза и во моментов нема мотив да го решава проблемот. Грција не губи ништо ако се одреди датум. До  завршување на преговорите проблемот може да се реши. Македонија ги исполни Копенхашките критериуми и очекува да продолжи понатаму, а одредувањето датум ќе биде доплнителен мотив да се дојде до решение“, рече Иванов.
Двајцата претседатели разговарале и за билатералните односи, за економската и културната соработка, при што Фишер изразил надеж дека ќе се засилат економските релации и го поздрави решавањето на проблемот со ЕВН Македонија.
Иванов рече дека Австрија е вклучена во многу сегменти на македонското општество и се поклопува со стратегијата “Три Е – Европа, Економија и Енергија“.
“Во сите три сфери Австрија е присутна. Помага во евроинтеграцијата на Македонија, во развојот на нејзината економија, а е вклучена и во енергетскиот сектор“, изјави Иванов.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi