Младата британка Fibi Tan, која има 19 години, изјавила дека има страв од ролни тоалет хартија и дека целосно се ужаснува кога ќе види ролна.
Како што пишува „Metro“, Фиби почнала да се плаши од тоалетна хартија на нејзини 13 години, кога мајка и ја пратила да купи неколку ролни за дома.
“Кога стигнав до рафтовите со тоалетна хартија ме фати паника и истрчав надвор од продавницата“, раскажала младата британка.
“Мајка ми мислеше дека измислувам работи, поради срам некој да не ме види со талетна хартија во раце“, кажала Фиби, која додале дека боледува од многу чудна фобија. Во нивниот дома ролните тоалетна хартја стојат во заградени метални држачи од кои не се гледаат.
Британскиот печат неодамна пишуваше и за мајка која има фобија од прибор за јадење, како и за келнерка која има страв од домати.