ФОТО: “Крајот на светот“ по ерупцијата на вулканот Пујевеј во Чиле

popara7 јуни, 20111min00
Volcan

Вулканот Пајхуе, на југот на Чиле, “се разбуди“ во неделата по скоро половина век. Поради силната ерупција, чии фотографии асоцираат на крај на светот, 3,500 лица се евакуирани. Геолозите претпоставуваат дека изненадната активност била предизвикана од земјотресот со јачина од најмалку 8,8 степени по Рихтеровата скала, кој го погоди Чиле минатата година.

Се проценува дека огромниот облак на пепел кој го исфрлал вулканот, бил висок околу 10 и широк околу пет километри, јавува Чилеанската Национална служба за геологија и рударство.

Ветрот го разнел пепелот над Андите, поради што е затворен аеродромот во туристичкото место Сан Карлос де Барилоче.
Вулканот Пајхуе се наоѓа на составот на планинскиот масив Пајхуе  – Кордон, 870 километри јужно од престолнината Сантијаго.

Минатата година Дејвид Пајл од Универзитетот Оксфорд, кој ја анализираше вулканската активност во Чиле по силните земјотреси од 1906 и 1960 година, предвиде дека по земјотресот кој го зафати Чиле во 2010 година ќе следи вулканска ерупција.

“Видовме дека земјотресот може да предизвика вулканска активност на оддалеченост од 100 километри, иако никој не знае какви механизми стојат зад тоа“, изјавил Пајл за “Њу Сајентист“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma