Третмани за коса

7 јуни, 20110
kosa_01

Летото е особено тежок период за нашата коса. Сонцето, хлорта, морската сол… се само некои од оштетувачите на вашата коса. Искористете го состојките од вашиот фрижидер со што ќе се забавувате и ќе ја нахраните вашата коса.

Испробајте ги овие три едноставни рецепти од креаторката на призводите “Lash”.

Маска од авокадо

Авокадото е богато со масло кое ја негува сувата коса. Хидрантна маска од авокадо ќе ја направи вашата коса мека и сјајна.

Состојки:

Свежи билки, како што се рузмарин или мајчина душичка

3,5 лажици маслиново масло

4 зрело авокадо

Сок од два лимони

3,5 лажици мед

Пченично брачно

Потопете ги свежите билки во маслиново масло и оставете да отстои во текот на ноќта.Пред да ја нанесете маската, истурете го маслото за да ги отстраните билките. Истолчете го авокадото и процедете го низ цедилка. Измешајте го исцеденото авокадо со маслиновото масло, сокот од лимон и медот. Постепено додадете го брашното додека не добиете густа смеса. Нанесете ја маската на сува коса масирајќи ја од коренот до врвовите. Замотајте ја косата пешкир или фолија 10 до 15 минути. Исплакнете ја темелно со шампон.

Третман за сјај на косата

Овој симпатичен третман ја оживува вашата коса за само една минута. Сокот од овошјето ќе ја направи вашата коса сјајна и мазна.

Состојки:

1 лажица сок од јаболко

1 лажица сок од лимон

Помешајте ги соковите во мал сад. Откако ќе ја измиете косата на вообичаен начин, нанесете го миксот од сокови низ целата должина на косата. Оставете да делува 1 минута, а потоа исплакнете.

Маска за зајакнување на косата

Нахранете ја вашата коса со оваа едноставна маска од јајца, која добро ќе ја хидратизира, а маслиновото масло ќе ја направи посилна.

Состојки:

2 јајца

½ лажици малсиново масло

Истолчете ги јајцата, а потоа додадете маслиново масло. За подолга коса дуплирајте ја дозата. Масирајте на сува коса, потоа замотајте ја косата со крпа и оставте да делува 10 минути. Исплакнете ја косата, измијте ја со шампон како и обично.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi