Размена – Кака на “Меаца” , Маикон во Реал?

7 јуни, 20110
maicon

Мурињо го обнови интересот за Бразилецот со кој работеше во Интер, па на “Меаца” би можел да се пресели Кака. Праксата покажа дека нема многу вакви размени, но кога силни желби се во прашање, се е можно.

Денеска во италијанските и шпанските медиуми се појавија шпекулации дека може да дојде до голема размена на релација Реал Мадрид – Интер ова лето.

Мурињо сака да го десниот бек Маикон во кого има голема доверба, додека на пат кон Италија би можел да тргне Кака. Тоа е потврдено, бидејќи Мурињо наводно се слушнал со застапниците на Интер, со кои добро се познаваат и со кои има одличен однос.

Проблем би можела да претставува емоционалната поврзаност на Кака и Милан, најголемиот ривал на Интер, па Бразилецот би можел да истакне став дека не сака да игра за друг италијански клуб.

Платата на Кака е голема, 10 милиони евра по сезона, што и за Масимо Морати би можело да претставува проблем, бидејќи во Интер никој не заработува толку.

Од друга страна, доцна вечерва, претседателот на Интер Масимо Морати ги демантирал ваквите шпекулации во медиумите.

“Тоа се лаги, нема ни трошка вистина во тоа” – изјавил Морати.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi