Научниците се поблиску до објаснувањето за настанувањето на светот

7 јуни, 20110
planet

Научниците кои работат во Европската организација за нуклеарно истражување (CERN) објавиле дека пронашле начин да го “фатат“ повеќе од 15 минути атоми на антиматерија кои обично исчезнуваат по делче од секунда. Тоа ќе им помогне на научниците тие атоми да ги испитуваат со надеж дека ќе разберат што всушност се случило во  моментите на настанувањето на универзумот.

Ова достигнување е знчајно подобрување од раните обиди на научниците, како и сите антиматерии и нивната тенденција да исчезнат пред научниците да стигнат да ја истражат.

“Тргнавме од две десетини на секундите до 1000 секунди“, рекол американскиот  научник Џефри Хенгст, портпарол на истражувачкиот тим ALFA кои работи за CERN.

Подобрениот метод се состои во тоа дека атомите на антиводородот се ладат на помалку од пола степени над апсолутната нула. Истражувањето е објавено во списанието “Nature Physics”. Научникот додал и дека продолжувањето на животниот век на антиводородот значи дека тие ќе имаат повеќе време да ги споредат со атомите на водородот. Сега само треба да фатат поголем број на вакви атоми.

Разбирањето на антиводородот ќе помогне во дешифрирањето на некои од најголемите загатки во физиката. Теоритичарите говорат дека во времето на настанувањето на универзумот морало да настанат еднакви количини на материја и антиматерија, но дека антиматеријата исчезнува од природниот универзум, додека материјата се собира во ѕвездите, планетите и галаксиите.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi