ФБИ објави докази за Розвел, вонземјаните навистина биле тука

11 април, 20110
11
Американската федерална полиција на својата интернет страница, објавила документи што докажуваат дека вонземјанците навистина биле на подрачјето на Розвел, Ново Мексико во 1947 година, пишува “Дејли мејл“, пренесува НетПрес.
“Во летечката чинија биле пронајдени три тела со човечки облик, високи еден метар. На себе носеле костими во металик боја, слични на пилотски одела“, рекол Гај Хотел, кој во 1950 го истражувал случајот.
Документите што се појавија на Интернет докажуваат како владата на САД го сокрила целиот случај. Не е јасно зошто ФБИ сега ја објавува вистината.
Летечката чинија, според информациите, паднал во Розвел на 2. Јуни 1942 година, а на почетокот се тврдело дека пронајдените тела се испратени на аутопсија. Подоцна американската влада ги отфрли ваквите информации. Во службениот извештај, било наведено дека пронајдениот “диск“ всушност бил метеоролошки балон. Информациите се “заташкани“, наводно заради националниот интерес на САД, пренесува “Дејли мејл“.
Никој не знае што точно се случило во јуни 1947 година во Розвел.
Мак Бразел, на 2. Јуни 1947 година се возел низ својот ранчот за да го прегледа своето стадо овци по силното невреме. На едно од пасиштата забележал многу распрскани камења, зел едно парче и го покажал на своите пријатели, а потоа го повикал и локалниот шериф Џорџ Вилкокс. Камењата што ги пронашол наликувале на метал, но не реагирале на оган, а секој пат откако биле изгребани се враќале во првобитната состојба. Заклучиле дека станува збор за материјал со вонземјанско потекло. Шерифот ја контактирал војската, а на Бразел му нуделе награда за храброст ако се докаже дека материјалот навистина е со вонземјанско потекло.
Бразел преку ноќ станал медиумска ѕвезда, а по некое време требал да “признае“ дека погрешил и дека се работи за метеоролошки балон, а не материјал од друга планета.
По 30 години случајот повторно бил покренат. Медицинската сетсра од Розвел сведочела и рекла дека ги видела суштествата со човечки облик. По овие изјави ја префрлиле на работа во Велика Британија.
Розвел е еден од најпознатите “Џ – случаи“ во историјата. За него е снимен и филм и се напишани многу научни книги. До ден денес уште не е познато што навистина се случувало во Розвел, на 2. Јуни во 1947 година.
Погледнете денес какви растенија можат да се најдат во близина на Розвел.

http://www.youtube.com/watch?v=D1LAKR5-j-U&feature=player_embedded

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *