Жителите на Харбин во североисточна Кина деновиве се оодушевени поради фактот дека токму во нивниот град е направена цела населба од снег и лед, која изгледа магично.
Изградбата на оваа населба од лед и снег е дел од фестивалот кој по 28 пат се одржува во Кина, а официјално започнува на 5-ти јануари.
httpv://www.youtube.com/watch?v=k-_-V7YfQIM
Овој фестивал привлекува илјадници луѓе од целиот свет, а многумина населбата ја опишале како место каде Дедо Мраз застанува да се одмори по делењето подароци.