Полицајците потврдија дека вицовите за нив се точни. Им требаше четири полициски возила (читај: 8 полицајци) и цели 20 минути за да фатат еден човек од Тексас кој, верувале или не, возел само со 20 km/h.
Се работи за некој човек од Тексас, кој украл виљушкар од градилиште и решил со него да се повози на автопат. Иако полицијата се обидела да го запре, тој продолжил да си вози полека, да си пие пиво и да им го покажува „средниот прст“ на полицајците.
Погледнете го видеото од немилиот настан, а обрнете и внимание каква смеа ја фати новинаарката која го најавуваше прилогот.