Фуле: Постои можност за почеток на преговори до крајот на годинава

18 јуни, 20110
_7ba29bb0b5-6d20-4626-a6fc-0b3ea5ad5a0d_7d
Еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле, во интервју за виенскиот весник “Прес“, најавил можност дека Европската Комисија до крајот на годинава ќе препорача почеток на преговори за повеќе земји од западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија.
“Оваа година би можела да биде важна за сите земји од западен Балкан. Би можело, на основа на големиот напредок, кон крајот на годината не само за една или две, можеби и за три земји да се препорача почеток на преговори за пристап кон Европската унија“, рекол Фуле.
Тој потврдил дека мисли на Македонија, Србија и Црна Гора.
“Меѓутоа сеуште нема никаква гаранција за тоа, а ние оваа година извештаите за напредокот на тие земји ќе ги завршиме порано. Тоа време, владите на земјите членки и нивните парламенти можат да го искористат за подготвување на одлуките“, порачал тој.
Говорејќи за Хрватска тој рекол дека таа ги применила сите потребни реформи.
“Хрватска ги примени сите потребни реформи. Европската комисија го наѕира крајот на заклучувањето на преговорите со Хрватска“, истакнал еврокомесарот, и изразил надеж дека приемот на Хрватска ќе го забрза процесот на пристапување кон ЕУ на целиот регион.
“Ратко Младиќ е пред Хашкиот трибунал, Хрватска е пред заклучување на преговорите. Сето тоа придонесува зголемена веродостојност на процесот на проширување“, нагласил тој.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi