Фустани со риги

popara2 јуни, 20111min00
spring2011

Дефинитивно, хит за оваа сезона се ригите. Според тоа фустанчињата кои планирате да ги носите ова лето мора да имаат ваков момент.

Не е важно во која боја ќе бидат, битно е да се риги. Не е важно ни дали ригите одат во хоризонтална, вертикална или дијагонална линија.

Изберете тесни фустани со риги и нема да погрешите, секако ако тоа ви го дозволува линијата на вашето тело. Ако имате вишок на килограми може да се одлучите за нешто пошироко во што секако ќе изгледате неодоливо и ќе ги прикриете своите недостатоци.

Одберете лесни, свилени и откачени фустани во кои ќе изгледате неодоливо. Ако се одлучите да купите свечен фустан оваа сезона тоа дефинитивно треба да биде фустан со риги. Материјалот и должината не е важна.

Кога станува збор за ригите сите мислат дека тоа е морнарски стил. Секако и тој е присутен оваа сезона, но не е во прв план. Одлучете се за бои кои на вас најмногу ви одговараат.

Покрај купачиот костим кој е пожелно да биде во риги, одберете и лесно летно фустанче или торба со риги која одлично ќе ја искомбинирате за на плажа.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag