Гадафи ги финансирал Месиќ, Милошевиќ и Саркози!

2 септември, 20110
88376

Претседателот на либиската републиканска партија за демократија и правда, Абу Фараг Фалеш изјавил дека има информации дека Муамер Гадафи ја финансирал политичката кампања на поранешниот хрватски претседател Стјепан Месиќ, но и режимот на Слободан Милошевиќ.

Абу Фараг Фалеш во интервју за Вечерњи лист изјавил дека информациите ги потврдуваат и документите кои ги пронашле бунтовниците во тајната служба на Гадафи во Триполи.

Загребaчкиот дневник наведува дека меѓу тие документи се и оние каде се наведува дека Гадафи го финансирал францускиот претседател Николас Саркози, италијанскиот премиер Силвио Берлускони, американскиот дипломат Дејвид Велч, и многу други познати имиња од јавниот и политичкиот живот на Запад.

“Стојам за секоја моја изговорена реченица. Со сигурност знам дека Гадафи го финансираше вашиот поранешен претседател Месиќ”, изјавил Абу Фараг Фалеш, запрашан од хрватските новинари дали има докази за ваквите обвинувања и квалификации. Тој додал дека Месиќ бил единствениот политичар од демократска земја кој јавно го поддржувал Моамер Гадафи.

Стјепан Месиќ, сепак, ги негирал тврдењата и додал дека ова нема никаква врска со здравиот разум. Тој пред Хрватската Радио и Телевизија изјавил дека финансиските извештаи од неговата кампања се достапни за јавноста, и дека може да се види како била финансирана неговата кампања.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi