Полковникот Моамер Гадафи го прифатил “патоказот“ на Африканската унија за окончување на конфликтот во Либија, изјавил јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума.
“Имам задолженија, кои ме принудуваваат да се повлечам, но ние ја исполнивме мисијата со нашиот брат, Гадафи“, рекол Зума, кој заедно со другите африкански лидери водел неколкучасовни преговори со водачот на Џамахиријата во неговиотбедуински шатор крај Триполи.
“Нашиот брат го прифати ’патоказот’, кој му го претставивме. Треба да дадеме шанса за стопирање на борбите“, додал тој.
Според Зума, предложеното решение ќе биде детално објаснето во комунике.
Прашањето за евентуалното повлекување на либискиот лидер исто така било разгледано на средбата во Триполи, јави “Ројтерс“, повикувајќи се на сопствен извор во Африканската унија, пренесува Нетпрес. Рамтан Ламамра, комесар во Организацијата за мир и стабилност, соопштил дека таа тема била обработувана во текот на разговорите.
“Неможам да откривам детали, бидејќи е непоходно содржината од фискусиите да остане доврелива“, рекол тој.
Ламамра потенцирал дека “либискиот народ треба да ги избере своите лидери по демократски пат“.
Претседателот на Африканската унија, пак, рекол дека делегацијата, по разговорите со Гадафи, ќе отпатува во Бенгази, на преговори со востаниците. Во составот на делегацијата се претседателите на Мавританија, Мали, Конго и ЈАР-Мохамед Абдел Азиз, Амаду Тумани Туре, Денис Сасу Н’гуесо и Џејкоб Зума, како и министерот за надворешни работи на Уганда, Хенри Окело. Нивната мисија е деликатна, бидејќи либиската опозиција веќе јавно се произнесе дека отфрла секаков предлог за окончување на борните, кој предвидува Гадафи да остане на власт или да го довери управувањето со земјата на своите синове, одбележува “Франс Прес“.
Петмина членови на делегацијата на Африканската унија, викендов во главниот град на Мавританија, Нуакшот, ги објавија своите цели: итно и целосно прекинување на воените дејствија во Либија, почнување на дијалог меѓу режимот и востаниците, и обезбедување на хуманитарна помош.
Според поранешниот британски премиер, Тони Блер, “полковникот Гадафи е политичар, кој умее да ја задржи власта и не е луд“.
“Што и да зборуваат луѓето-дека е луд и така натаму, тој таму е на власт цели 40 години“, рекол Блер.
Извор: Нетпрес