Во Франција од денеска се забранува носење бурка

11 април, 20110
woman-with-burka_64
Во Франција од денеска стапува на сила законот за забрана за носење бурка на јавни места, со што оваа земја станува втора, по Белгија, кој има воведено ваква забрана.
Законот за криење на лицето на јавни места е усвоен на 12 октомври и ќе ги опфати жените кои носат бурки и никаб.
Пред да стапи законот на сила, француските власти организирале едномесечна кампања под слоганот “Републиката не го крие лицето“.
Законот не ги опфаќа само жените кои носат марами, туку и оние кои ги тераат на тоа, како и сите оние чија идентификација не е можна заради покривање на лицето. Отстапувања има во случаите на носење кацига додека се вози мотор мотор или заради ризик во работата, на традиционални празници и уметнички манифестации.
Казната за прекршување на законот е 150 евра. За оние кои ги приморуваат жените на носење бурка казната е една година затвор или 30.000 евра парична казна, а ако е во прашање малолетна особа тогаш казните се двојно поголеми.
Муслиманките, освен во џамија ќе можат да носат бурка и во своите домови, хотелски соби, автомобили, но само кога тие не возат.
Според француското министерство за внатрешни работи, во оваа држава има околу 2.000 муслимански заедници што бројат околу седум милиони луѓе.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi