Гадафи на ОИ во Лондон догодина?

16 јуни, 20110
Libyan leader and the new chairman of the African Union, Muammar Gaddafi, listens in Ethiopia

Либија со посредство на својот национален олимписки комитет, на чие чело е синот на Моамер Гадафи, Мохамед Гадафи, резервирала пове’е од 1.000 карти за Летните олимписки игри 2012.година во Лондон, пишува лондонски “Телеграф”.

Овој весник наведува дека присуството на либиските официјални лица на оваа голема спортска манифестација може да предизвика дипломатски инциденти.

Изворите во британската влада, сепак, наведуваат дека малку веројатно е полковникот Гадафи да се појави следната година во Лондон.

Дури и до тогаш да остане на власт, на либискиот лидер по одлука на Меѓународниот кривичен суд му е забрането да излегува од земјата, истакнуваат од британската влада. Кога се влезниците во прашање, организаторите на Олимпијадата во Лондон напоменуваат дека имаат обврска ги обезбедат барањата на сите 205 членки на Олимпискиот комитет и тоа без било какви дипломатски или политички условувања.

Милион од вкупно 8,8 милиони карти за Олимпијадата 2012. се наменети за членките на Меѓународниот олимписки комитет.

“Ситуацијата не е идеална, но Олимпијадата е замислена како манифестација над политиката. Кога утре Иран би организрал Олимпијада би морал да дозволи САД и Велика Британија на истата да учествуваат.” – изјавил еден од организаторите на манифестацијата.

Олимпискиот комитет може да суспендира некоја земја само доколку таа не ја почитува олимписката повелба. Тоа беше случај со Гана, на почетокот на годината, поради нејзиниот нов закон за спорт, кој ги крши правилата на Меѓународниот олимписки комитет.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi