Гадафи со блиндиран мерцедес му ја летна за Алжир :)

27 август, 20110
0822gaddafi

Конвој од шест блиндирани возила преминал од Либија во Алжир, а во него се претпоставува дека биле владини лица блиски на либискиот лидер, но по се изгледа и самиот Гадафи се наоѓал во конвојот, изјавила египетската новинска агенција МЕНА.
Египетската агенција наведува дека шест блиндирани мерцедеси во петокот наутро влегле во либискиот град Гадамус, кој се наоѓа на границата со Алжир, а конвојот бил придружуван од страна на про-владините сили на Либија.
Бунтовниците не биле во можност да ги следат возилата, бидејќи немале доволно муниција и опрема, изјавил извор близок на либиските бунтовници.
“Сметаме дека во автомобилите беа високи Либиски официјални лица, веројатно и Гадафи со неговите синови”, изјавил истиот извор,за египетската новинска агенција МЕНА..
Оваа вест се уште не е официјално потврдена од официјални алжирски и либиски извори, известува француската новинска агенција која ја пренесува веста од египетската агенција.
Алжир го признал Бунтовничкиот Национален Преоден Совет, но сепак ќе водел политика на “строга неутралност”, која била одлучена уште на почетокот на конфликтот во Либија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma