Либискиот претседател Моамер Гадафи во разговор со претседателот на Меѓународната шаховска федерација (ФИДЕ) Кирсам Иљумзинов изразил подготвеност на разговор со НАТО и бунтовниците, но во исто време ја одбил можноста да поднесе оставка.
Рускиот ексцентричен милијардер Иљумзинов, изјавил дека Гадафи “бил спремен итно да разговара со раководството на НАТО и претставниците на Бенгази околу иднината на земјата“, условувајќи го тоа со престанување на воздушните напади над неговата земја.
Гадафи истакнал дека не планира да ја напушти Либија, подвлекувајќи дека тоа е негова татковина и земја во која умреле неговите деца и внуци, пренел рускиот пријател на Гадафи.
“Не сум ниту премиер, ниту претседател, а ниту крал. Не држам ниту една функција во Либија и заради тоа нема позиција која треба да ја напуштам“, рекол Гадафи според изјавите на Иљумзинов.
Гадафи никогаш не бил формално избран на ниту една функција иако ја држи власта во Либија цели четири децении.
Извор: Нетпрес