Гадафи убиен?! Видео доказ или видео „превара“?!

20 октомври, 20110
nass

Триполи – соборениот либиски диктатор Моамер Гадафи, умрел од повредите здобиени за време на апсењето, се последните најнови вести кои стигнаа од либискиот град Сирте.

Пред неколку часа, беше јавено дека Гадафи е уапсен, а тоа го објавила и либиската телевизија, повикувајќи се на информации од револуционерните сили, кои го заземале неговиот роден град. Либиската телевизија јавила дека Гадафи бил тешко ранет и дека тешко дишел.

Светските новински агенции јавија дека Гадафи бил ранет во двете нозе и дека со амбулантно возило бил префрлен во болница.

По повод оваа вест веднаш реагирале и од Стејт департменот, кои изјавиле дека официјално неможат да потврдат дали Гадафи е уапсен и ранет. Веста за апсењето на Гадафи не ја потврдија ни од НАТО. Ал Џезира пак јавува дека не е познато дали Гадафи е жив или мртов.

Инаку извештаите од теренот се различни, спротиствени, па некои наведуваат и дека бил облечен во униформа.

„Гадафи е заробен. Тешко е повреден, но се уште дише“, изјавил за Франс Прес Мохамет Леит и додал дека Гадафи го видел со свои очи. Според неговите зборови, соборениот либиски претседател на себе носел жолто смеѓа облека, а на главата турбан.

httpv://www.youtube.com/watch?v=oypGaVujTX0

httpv://www.youtube.com/watch?v=T9BgYn0L9WI

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş