Тие се секси, неодоливи, очајни и одлично се забавуваат на снимањата на една од најгледаните серии во цел свет. Ева, Фелисити, Марша, Тери и останатите членови на екипата „Очајни домаќинки“ се прави професионалци во својата работа, но понекогаш и на нив им се случува да се опуштат за време на снимањето и тогаш настанува општ урнебес и хаос.
Ева Лонгорија и Тери Хачер во серијата глумат несмасни ликови, а Марша Крос и Фелисити Хофман, односно Бри и Линет се за нијанса посериозни. Сепак, во текот на снимањето сите се подеднакво забавни и откачени. И не само тие – и на останатите членови од екипата понекогаш им се случува да го заборават текстот, да им се врзе јазикот или да добијат напад на смеа.
Крајниот резултат од снимањето е одличен за што говори и високиот рејтинг на серијата, но на самото снимање сите лудо се забавуваат поради гафовите на актерската екипа. Погледнете неколку видео-миксови од сцени со најинтересните детаљи од снимањето. Уживајте!