Галијани: Ништо од Кака и Есиен, се сомневаме дека и Балотели ќе ни се придружи

16 мај, 20110
ÑÏÍÁËÍÔÏ ÃÊÁËÉÁÍÉ / ÐÁÑÏÕÓÉÁÓÇ ÔÏÕ ÑÏÍÁËÍÔÏ ÁÐÏ ÔÇÍ ÌÉËÁÍ

“За жал, Кака нема да се врати во Милан. Причините се од финансиска природа.” – го признал потпретседателот на Милан, Адријано Галијани поразот во обидите за враќање на бразислкиот фудбалер кој со актуелните италијански прваци беше прогласен и за најдобар на светот.

Се случи тоа 2007. година по сезоната во која Бразилецот, денешен член на Реал Мадрид, играчки блескаше. Актуелниот статус на напаѓачки ориентираниот играч за врска во редовите на Реал не е сјаен, но, големи ‘заслуги’ за тоа имаа повредите кои го забавија неговиот играчки развој по трансферот остварен летото 2009. година. Ситуацијата се обидоа да ја искористат во Милан, но, како што моментално стојат работите, од трансфер нема да биде ништо.

Се осврнал Галијани и на останатите трансферни активности:

“Рома најверојатно ќе го купи Марко Бориело, а во гласините за можно ангажирање на Кристијано Роналдо и Есиен од Челзи нема никаква вистина. Дали меѓу нас ќе стигне Марио Балотели? Се сомневам.”

Кларенс Сидорф, Андреа Пирло, Алесандро Беста, Пипо Инзаги и капитенот Масимо Амброзини, се играчите на Милан кои со “росоњерите” имаа договор до следниот месец.

“Од вторник стартуваат преговорите со нив. Што се однесува до Кевин Принс Боатенг, се надевам дека ќе успееме да го откупиме од Џенова.”

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi