Еден од првите кошаркари кој ги објави својте планови во случај локаутот во НБА лигата да потрае подолго е По Гасол. Центарот на ЛА Лејкерс и шпанската репрезентација нема да чека да дојде договорот меѓу претседателот на лигата и играчите. “Ако локаутот потрае во НБА, се враќам во Шпанија тоа ми е првото но не и единственото решение. И Кина исто така има голем потенцијал” ја најави Гасол можната преселба на Далечниот исток.