Британската актерка Гема Колинс се одлучи на несекојдневен потег. Таа се соблече гола за најновото издание на магазинот “Heat”, што не би било толку чудно доколку таа не тежеше преку сто килограми.
Токму за својата килажа, таа вели дека не и претставува никаков промблем ниту пак има комплекси од тоа. Доколку треба на писта ќе прошетам и со Кејт Мос, нема воопшто да ми биде непријатно, дури ќе се чувствувам сексипилно. Сега за сега одлично се чувствувам вака, кога ќе осетам потреба од промена ќе направам нешто за себе, изјавила Гема.