Бензиска на Окта летна во воздух, двајца повредени

popara13 април, 20111min00
1

Две момчиња биле повредени кога резервоар за гас експлодирал на бензиска пумпа на “Окта“ во скопската населба Радишани. Од компанијата “Окта“ за Нетпрес изјавија дека не биле запознаени со пожарот кој се случи вчера попладне.
Повредените по несреќата веднаш биле префрлени во Градската болница. Едното момче (21), бил вработен во станицата за технички преглед и регистрација на возила, што се наоѓа зад бензинската станица “Окта“. Кај него биле констатирани сериозни изгореници од трет степен и опструкција на дишните патишта, а денес, дознаваме, дека состојбата му е сеуште тешка и дека е приклучен на апарати за дишење. Другото момче (19), случаен минувач, добило изгореници од прв степен и се наоѓа во стабилна здравствена состојба.  Пожарот избувнал околу 16.50 часот и веднаш потоа бил локализиран од страна на противпожарната служба, за нешто подоцна целосно да биде изгаснат.
Командирот на противпожарната служба Благоја Менковски изјави за Нетпрес дека била оштетена површина од околу 100 метри квадратни и според нивните неофицијални проценки направена е штета од околу 10.000 евра.
Како причина за пожарот тој го наведува невниманието при чистењето на резервоарот за гас, за кој вели дека и од мала искра може да настане огромен пожар, додавајќи дека среќа во целата ситуација била што пожарот се случил на отворен простор инаку би имало сериозни последици.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma