Генерални карактеристики на лошите љубовници! Да не се пронајдовте?!? :)))

popara30 октомври, 20111min00
los ljubovnik

Основна цел на мажите кога станува збор за сексот е да се покажат како добри љубовници. Всушност, најголем кошмар за нив претставува да бидат окарантеризирани како „лоши во кревет“. Иако секоја девојка си има своја претстава за тоа што е добар секс, генерално сите тие се сложуваат дека некои работи едноставно се лоши. Па, што не смеете да правите додека „сте во кревет“???

Испуштање на гасови: Доколку сте во долга врска со некого, дозволено ви е да бидете целосно опуштени. Сепак, додека водите љубов никако не е дозволено испуштање на гасови бидејќи тоа ја убива целата атмосфера.

Јавување на телефон: Без разлика на тоа колку пати ѕвони телефонот, правило број еден е прво да си ја „завршите работата“, па потоа да се јавите онаму каде што е потребно.

„Прљав“ секс: Не, не е тоа што мислите. Станува збор за секс без претходно туширање. Во никој случај не практикувајте секс ако не сте чисти, затоа што така девојката повеќе нема да сака ни да ви се приближи, а камоли нешто друго.

Забранет е фудбал: Верувале или не, дури 70% од мажите изјавиле дека би прекинале секс за да видат добар гол. Епа дечки, добрите сеќавања на голот е се што ќе ви остане, затоа што огромни се шансите дека девојката едноставно ќе стане и ќе си замине.

Коментари за нејзиниот изглед: Во ред се комплименти, ама никако, никако не смеете да и кажете дека малку се поправила или пак дека и се појавил целулит. Не само што ќе ве остави, туку најверојатно ќе се здобиете и со физички повреди.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag