Од мигрена патат еден од осум лица, а Светската здравствена организација ја рангираше меѓу 20-те најчести болести.
Причината за интензивна главоболка, придружена со мачнини и чувствителност на светлина, до сега беше скоро непозната. Оваа состојба која почесто се јавува кај жените, научниците ја опишуваат како нарушување на мозокот од кое невроните или мозочните клетки реагираат абнормално. Меѓутоа надеж за пронаоѓање на лек добиле, откога откриле три гени кои се поврзани со оваа болест.
Маркус Шверкс, лекар од Бостон, ја координирал меѓународната студија на која присуствувале повеќе од 23.000 жени, од кои 5000 страдале од мигрена. Студијата е објавена во неделата, во британскиот часопис Nature Genetics и е најголемата од овој вид досега.
Научниците открија три гени кои се поврзани со главоболки, вклучувајќи и еден кој е директно поврзан со жени. Ова објаснува зошто жените се повеќе склони кон овој вид на болест.
Истражувањата покажале дека мажите кои страдаат од главоболки се повеќе склони кон проблеми со срцето, а со тоа е зголемен ризикот од срцев удар.
Оваа студија ќе им помогне на докторите полесно се дијагностицираат болеста и да пронајдат соодветен лек.