Германија го укинува воениот рок

1 јули, 20110
German+Soldiers+Deploy+Afghanistan+43oie5WyPhll
Во Германија денес по 55 години се укинува обврската за служење на воениот рок, а која ќе биде заменета со таканаречената Сојузна доброволна служба која ќе ги задоволува потребите на вооружените сили како и секторите кои досега ги покривале цивилните регрути.
“Тргнувам од тоа дека во годините кои следат ќе се пријават доволно војници за договор на одредено време како и доброволци“, рекол германскиот министер за одбрана Томас де Маизиере, објаснувајќи дека за почетокот на овој период се пријавиле околу 13.000 доброволци.
Демократско либералната влада на Ангела Меркел одлуката за привремено укинување на воената обврска ја донела во рамки на опсежната програма за штедење со кое министерството за одбрана до 2014 година планира да заштеди 8,3 милијарди евра.

Воената обврска воведена во 1955 година,а во 55 години воен рок отслужиле преку осум милиони војници. Новата Сојузна доброволна служба може да трае до 23 месеци, а за службите под оружје или во цивилен сектор може да се пријават и мажи и жени.

Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *