Германија: Вооружен маж пукал со воздушна пушка во близина на местото каде што папата требало да одржи миса

popara24 септември, 20111min00
papa_benedikt_xvi_za_humaniji_svijet_tabfull

Вооружен маж отворил оган на плоштадот во Ерфурт, во близина на местото каде што папата Бенедикт Шеснаесетти требало да одржи миса на отворено, објави Германската полиција, додавајќи дека подоцна напаѓачот бил уапсен.

Локалната телевизија  MDR според изјавите на неколку очевидци објавила, дека непознат маж од прозорецот на својот стан испукал неколу куршуми од воздушна пушка кон насобраните луѓе на плоштадот.

Во инцидентот, што се случил два часа пред да се одржи мисата, немало повредени, осомничениот веднаш бил уапсен во неговиот стан, изјави портпаролот на полицијата Екхарт Дојчман.

Папата сепак ја одржал мисата како што било планирано, пред 30.000 луѓе.

Се уште не е познато дали нападот е поврзан со посетата на папата, но истрагата е во тек, изјавиле од полицијата.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag