Златан Стипишиќ – Gibonni е роден на 13 Август, 1968 година во Сплит, тој е познат хрватски музичар и композитор.
Роден во семејство со силна музичка традиција (неговиот татко, Љубо Стипишиќ е познат композитор). Златан Стипишиќ кој подоцна го добил прекарот Gibonni, ја започна својата кариера во 1980 година во хеви метал бендот “Осми патник”.
Својата соло кариера ја започнал во 1990 година компонирајќи песни кои имале елементи на рок, модерен поп и далматински фолк. Тој за кратко време стекнал голема популарност, особено кај хрватската младина. неговата популарност растела и надвор од границите на Хрватска и денес Gibonni е еден од најпопуларните и највлијателните музичари на територијата на поранешна Југославија.
Gibonni е автор на песната “Cesarica” која била напишана за познатиот пејач Оливер Драгоевиќ, и станала многу голем хит, една од најпопуларните и добро познати песни во Хрватска.
Во 2003 година Златан Стипишиќ – Gibonni бил назначен за амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ . Тој е вклучен во многу хуманитарни концерти и организации кои се борат за намалување на гладот и сиромаштија во Светот.
Негови албуми се Unca fibre кој се појавил во мај 2006 година, потоа неговиот многу наградуван албум Mirakul, кој бил многу добро прифатен од страна на критичарите. Во 2010 година тој објави својот албум Tolerança.
http://www.youtube.com/watch?v=wx9EO6I_2qk
http://www.youtube.com/watch?v=ZB36bgZFq4k&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=FvPo8l9SjRw&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=WUrEySXIe6Y&feature=related
http://www.youtube.com/watch?v=XDfSXBHkc2U&feature=related