Гигантски медузи напаѓаат… а што се убавки :)

popara3 септември, 20111min00
medusagigante

Се работи за вонземјани? Не баш. Овие гигантски медузи не се воопшто добредојдени, иако нивниот излгед е волшебен. Името им е Нормура медузи и можат да тежат до 200 килограми.

Овие морски животни со супер големина, вообичаено можат да се најдат во водите на Кина и Северна Кореја, а по некоја може да залута и во водите на Јапонското Море со цел да се нахрани со планктони. Меѓутоа, во овој период околу 100 пати поголен број на медузи од вообичаениот ги освојуваат јапонските води.

Рибарите се чувствуваат како да се под опсада. Нивните мрежи, секој ден се сè потешки и потешки, па дури и се кинат од стотиците медузи. Тие ги убиваат и трујат вредните риби, како туната и лососот на кои рибарите сметаат за да заработат за живеачка.

Засега никој не знае што ја предизвикува оваа гужва во морето. Можно е поради глобалното затоплување водите да се загреваат, па медузите да бараат посоодветно место за размножување. Друга теорија е дека во ова море некои риби се истребуваат, па медузите остануваат без конкуренција за храна. Рибарите се трудат да направат мрежи со кои ќе ги елиминираат медузите од риболовот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag