Прозборе и секретарката на Гебелс:)) Има што да каже-верувајте:)

popara3 септември, 20111min00
88576

Јозеф Гебелс не го сакав многу. Тој беше студен, далечен човек, понекогаш монструозен, открива Брунхилде Помсвел.

– На никој не му даваше да му се приближи. Никогаш не поставуваше прашања од лична природа. Мислам дека не го знаеше ни моето име. Тој знаеше дека сојузниците ќе го осудат на смрт. Колку кукавички, толку и паметен потег направи што изврши самоубиство, бидејќи знаеше што го чека, изјавила Брунхилде за Билд!

Јозеф Гебелс ја убил својата сопруга Магда, кога Русите влегле во Берлин. Пред тоа, тие ги отруле нивните шест деца, бидејќи не сакале  да растат во постнацистичка Германија. Потоа тој си пукал самиот во главата! Сведоците кажуваат дека најстарата ќерка Хелга која имала 12 години се спротивставила на својата мајка кога сфатила што се случува…

Секретарката денес отворено признава за својот однос и став кон нацизмот.
“Јас се приклучив на партијата во 1933 година. Мислев, зошто да не, кога сите тоа го направија. Јас работев со три други секретарки во библиотека на Вихелмплац во Берлин. Наскоро бев унапредена во шев на одделот за стенографија. Бележев се што тој говореше. Исто така и за неговите најблиски соработници.

Брунхилде имала пристап до повеќето тајни документи, кои и помогнале да сфати дека Германија веќе ја губела војната. Сепак, немало сознанија за холокаустот, од проста причина што Гебелс никогаш не би оставил трага за тоа на хартија.
“Бев млада, и глупава, и незаинтересиранa за политика. Планот и програмата за истребување на Евреите, го слушнав веднаш по војната. Гебелс никогаш за тоа не говореше јавно. ”

” На 1 мај пристигна извествање од кабинетот на Хитлер, дека тој се самоубил. А набргу потоа Русите дојдоа и ме уапсија. Поминав пет години во Русија во “специјални кампови. Јас никогаш нема да му простам на Гебелс и штетата која ја има нанесено на светот, изјавила на крај г-ѓа Помсвел.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag