„Rangr Studio“ е популарната архитектурна фирма која е креаторот на ова ремек дело – екстремно луксузната и гламурозна вила наречена „Casa Kimball“. Ова е една раскошна вила за изнајмување што се наоѓа во Кабрера, Доминиканска Република и се состои од осум беспрекорно дизајнирани спални од кои сите имаат поглед кон Атланскиот океан што навистина е тешко да се опише само со зборови.