Гледањето на комедии позитивно влијае на здравјето, додека хорор филмовите и воените филмови претставуваат вистински стрес за вашето тело и може да предизвикаат стеснување на крвните садови, покажаа последните истражувања.
Смеата е навистина најдобриот лек, потврдија научниците од универзитетот во Мериленд. Тие ја проучувале реакција на човечкиот организам кон филмовите и докажале дека комедиите имаат позитивен ефект на срцето, додека хорор филмовите и и воените филмови се вистински стрес за организмот.
Истражувачите ги проучувале реакциите на две групи волонтери кон различни жанрови на филмови. Едната група гледала комедија со Камерон Дијаз во главната улога, додека на другата група и бил прикажан филмот „Спасувајќи го војникот Рајан“.
Кај оние волонтери на кои им било дадено да гледаат комедија биле регистрирани проширени крвни садови, додека кај оние кои го гледале воениот филм било дијагностицирано стеснување на крвните садови и зголемено ниво на стрес.