Светот на софистицирана убавина и елегенција, италијанскиот дизајнер Џорџо Армани ја пренесе од модните писти во градежнитвото. Односно, тој во моментов се занимава со уредувањео хотели. После Дубаи, во Милан е отворен вториот хотел со негов потпис, кој ќе ги вгостува најбогатите туристи.
Хотелот го носи името “Re Giorgio”, a Џорџо трврди дека е попрефинет од тој во Дубаи.
-Го избрав Милано затоа што тоа е мојот град. Можда во Лондон и Париз доаѓаат побогати туристи, но овде се чувствувам како на свое- рече дизајнерот.
Хотелот е сместен во центарот на градот познат по модата и шопингот, има седум спратови, 95 соби, луксузни и претседателски апартмани, и неизбежните спа оаза и базени.
Армани на овој проект работел четири години. Зградата во која се наоѓа хотелот е изградена во 1937 година према идејното решение на Енрико Грифини, а Армани сам ги додал последните три ката од хотелот и се одлучил за стаклен изглед.