Два часа на ден гледање телевизија го зголемува ризикот за прерана смрт за дури 20%, а оние кои глеаат во малите екрани повеќе од пет часа дневно, ќе живеат 5 години помалку.
Гледањето телевизија шест часа на ден може да го скрати животот за пет години, открила една британска студија, која била спроведена на 11 илјади лица постари од 25 години. За 22 минути се скратува животниот век кај возрасните лица кои поминуваат најмалку еден час во гледањето телевизија, двд или видео.
Два часа на ден пред телевизор го зголемува ризикот од развивање дијабетис од типот 2 и болести на срцето, како и прерана смрт за 20%, потврдило истражувањето. Седечкиот начин на живот пред телевизорот каде се храниме со разни грицки и сме неактивни, е подеднакво лошо како и пушењето цигари, истакнале британските научници.
Затоа пак, вежбањето може многу да ви помогне, вежбајте само 15 минути на ден и постои шанса животниот век да ви се зголеми за три години, додека ризикот од прерана смрт се смалува за 14%.