Лековитоста на глината позната е во народната медицина веќе долги години. Најпозната е како средство за чистење на организмот кој ги исфрла сите штетни токсини. Лековитите својства на глината се должат на органската компонента којa е задожена за врзување на важни активни супстанци и нивниот транспорт во подлабоките слоеви на мембраната, ѕидовите на крвните садови или цревата. Докажано е дека глината ја подобрува апсорпцијата на хранливите состојки во цревата, а нејзиното користење често доведува до отстранување на некои алергии од храна. Добро е да се употребува и ако дојде до труење од храна, појава на цревни паразити и вирусни инфекции во организмот. Поради големата енергетска сила и голем процент вредни минерали, глината го зајакнува имунитетот. Таа апсорбира, чисти и ги елиминира сите нечистотии од крвните и лимфни ткива.
Се препорачува и на луѓе кои имаат проблем со прекумерно потење, а исто така помага и за лекување на рани. Кај глината досега не се забележани штетни и токсични ефекти.