Го ранила бившата жена!:( Живее веќе 30 години со куршум во главата:))

29 август, 20110
article-0-0D95EC4C00000578-307_468x347

Џим Сандерс (52) од Тексас пред 30 години на неговата бивша сопруга и купил пиштол како подарок. Една ноќ додека тој спиел жената му испукала куршум во главата.

Џим Сандерс бил две недели во кома, и чудно е како останал жив, бидејќи куршумот го погодил меѓу очните нерви точно помеѓу двете половини на мозокот. Сандерс од тогаш е заслепен и нема чувство на мирис . Лекарите му рекле дека е ризично да се отстрани куршумот, бидејќи би можел да остане парализиран до крајот на животот. Џим живее со куршумот во главата веќе 30 години.

Во средата, Џим подготвил забава во неговиот дом за да одбележи 30 години од инцидентот. Од неговата поранешна сопруга Џил Саундерс се развел веднаш по инцидентот, а таа била осудена на 20 години затвор поради обид за убиство. Сепак, по четири години била ослободена, поради добро однесување во затворот, пишува 24сата.

Тие се сретнале на колеџ, и по две години дружење се венчале. Џим изјавил дека нивниот брак започнал да се урива откако ја фатил женаму со друга девојка. Денес тој живее со неговата втора сопруга, Кетрин, со која е 10 години во брак. Тој изјавил дека со поранешната сопруга не се слуша, но се надевал дека е добро, пишува Daily Mail.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma