Го слушал Боб Дилан, конзумирал ЛСД и бил пргаво момче – Стив Џобс

popara25 октомври, 20111min00
AppleSteveJobsLogo

Во емисијата „60 Минути“, на американската ТВ мрежа CBS, беше објавено интервјуто со Валтер Исаксон, со авторизирана биографија за основачот на Apple, Стив Џобс. Следи интевјуто во два дела.

Интервјуто е објавено две и пол недели по смртта на Џобс и помалку од 24 часа од службеното пуштање во продажба на Исаксоновата биографија. Деловите од биографијата, која содржи информации собрани од повеќе од 100 интервјуа со личности кои го познавале Стив, како и 40-тина интервјуа со самиот Џобс, веќе се појавиле во медиумите. На пример, се отрива зошто Џобс постојано се облекувал исто, во фармерики и црна блуза.

Џобс го повикал Исаксон да напише негова биографија уште пред седум години. Според сопственото признание, Исаксон сметал дека „тоа било премногу рано со оглед на тоа дека Џобс  е сеуште млад човек.“ Но, Исаксон во тоа време не знаел дека Џобс ќе оди на операција заради рак на панкреасот.

Овој биограф го опишува Џобс како „пргав и кревок“. Од време на време со луѓе знаел да биде доста незгоден, безразлика дали станувало збор за келнерка во ресторан или некој вработен кој програмира цела ноќ во фирмата… Вие би рекле: „Зошто го сторивте тоа? Зошто сте непристојни? А тој би одговорил: „ Навистина сакам да бидам со луѓе кои бараат совршенство. И тоа е она што сум јас“, се присеќава Исаксон.

„ Тој беше своевремен хипик и бунтовен тинејџер, сакал да го слуша Боб Дилан, да земе ЛСД, но истотака ја сакал и електрониката“, опишува Исаксон. Тој вели дека кога Џобс работел за произведувачот на игри „Атари“, морале да го преместат во ноќната смена бидејќи одел наоколу бос и никогаш не се бањал, па вработените не сакале да работат со него.

Исаксон истотака опишува како Џобс земал седмомесечен одмор за да отпатува во Индија. Неговите тамошни искуства, помеѓу останатото и со зен будизмот, го оформија неговиот „осет за дизајн“, вели Исаксон. До тоа дека „едноставноста е најголема софистицираност“ заклучил по тоа патување.

Џобс истотака имал отпор кон авторитетите и сметал дека правилата до кои се придржуваат останатите не се однесуваат и на него. Тоа е видливо, на пример, на неговиот спортски купе Mercedes на кои не сакал да стави регистарски ознаки.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag