Една пациентка од Баварија го тужела својот лекар бидејќи тој дувал на традиционалниот јужноафрикански инструмент, вувузела пред ординацијата.
Случајот кој инаку неодамна стигна на суд се случил за време на последното Светско првенство во фудбал во Јужна Африка, кога овој инструмент беше популарен ширум светот.
Пациентката која бара оштета од 5800 евра, навела дека поради тој инцидент таа претрпела траума и боледувала од тинитус (однсно бучава во ушите).
Германските медиуми навеле дека докторот веќе и понудил 2000 евра кои таа ги одбила, барајќи поголема сума.