Голем раст на невработеноста во Грција

popara8 јуни, 20111min00
1927Greek_flag
Стапката на невработеност во Грција во месец март изнесувала 16,2 отсто, а за само една година пораснала за огромни 40 отсто, соопштила грчката агенција за статистика, пишува “Бета“, пренесува НетПрес.
Според податоците, стапката на невработеност во февруари била 15,9 отсто.
Официјален број на Грци кои останале без работа во март изнесува 811.340, додека истиот месец минатата година бил 578.723.
Во март минатата година стапката на невработеност била 11,6 отсто.
Грција воведе строги мерки за штедење со цел да се вклопи со условите од договорот за кредитирање на својата презадолжена економија кој го склучил со земјите од Европската унија.
Вредноста на кредитот е 110 милијарди евра, но тоа не било доволно, па владата во Атина ги заострила мерките за штедење и ги зголемила даноците.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag