Голи и здрави ! :)

popara23 август, 20111min00
goli i zdravi naslovna

Еден од најценетите антрополози во светот неодамна ја објавил својата 10 годишна студија која покажала неверојатни резултати. Имено жените кои носат помалку облека на себе живеат просечно 20 години подолго од оние кои се „закопчуваат до грло“ во секоја прилика.

Сер Едвин Буркхарт спровел интервјуа на 5000 жени од 70 до 100 години како би дознал кои се нивните модни и здравствени навики. Резултатите објавени во британското списание Royal Journal of Social Anthropology јасно покажале дека долговечните жени се токму оние жени кои на себе носеле малку парчиња облека.

Ваквите резултати Буркхарт ги објаснува на следниот начин:

Парчиња облека во себе содржат голем процент на хемиски средства. Во контакт со средствата за перење, детергентите и потта создаваат реакција која полека ја нагризува кожата, а на тој начин го зголемува ризикот од бројни видови на канцерогени заболувања на кожата.

Жените кои носат на себе помалку парчиња облека се попривлечни кај мажите т.е имаат поголеми шанси да се омажат. Студијата покажала дека жените кои се во брак се склони кон поздрав живот и се подолговечни од жените кои се сами.

Што помалку парчиња облека на жената, толку повеќе нејзината кожа е изложена на надворешните природни елементи кои благопријатно влијаат врз здравјето на жената.

Помалку парчиња облека на жена значи дека таа е самостојна, интелигентна спремна на предизвик, што мажите секако го забележуваат. На тој начин доаѓа до израз нејзината сексапилност, сензибилност и квалитетен сексуален живот. Квалитетниот и честиот секс е докажан начин за продолжување на животниот век на жената.

Дали ова истражување ќе ги поттикне владите во светот да го советуваат   женскиот пол да носат што помалку и што полесни парчиња облека на себе !!!

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag