Компанијата Google се најде на врвот од најпрестижните компании во САД, врз основа на анкета која ја спровела компанија за истражување на пазарот “Haris interaktiv”. Во истражувањето, со кое биле опфатени 30.000 анкетирани лица, тие ги оценувале компаниите врз основа на 20 точки, а 16 компании добиле одлична оценка. На врвот на листата се нашле најмногу компаниите од високо технолошкиот сектор. Покрај Google, на врвот се позиционирале и “Apple” (5. место), “Intel” (6), “Amazon” (8), “Sony” (14) i “Microsoft” (16).
Најслаби резултати покажале банките, осигурутелните и нафтените компании.