Готовина ќе го пречека Младиќ

10 јуни, 20110
ante-gotovina_228659S1
Досега најбараниот хашки бегалец Ратко Младиќ ќе биде префрлен на третиот кат на притворот во Шевенинген во кој се сместени Воислав Шешељ, Анте Готовина, Младен Маркач и Небојша Павковиќ, а најдобрите готвачи Готовина и Павковиќ ќе го пречекаат Младиќ со посебен специјалитет за добредојде, пишува “Дневник“, пренесува НетПрес.
Младиќ кој во Хаг од Србија е есктрадиран минатата недела и понатаму е во изолација. „Очекуваме по периодот на адаптација и лекарски прегледи Младиќ наскоро да биде префрлен во еден од трите блока. Според последните информации, Ратко ќе биде во друштво со Воислав Шешељ, генералот Небојша Павковиќ, Милан Лукиќ, како и со хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач. Секако Хашкиот суд во секој момент може да ја промени таа одлука. Инаку селењето на притворениците се честа појава и до сега биле променети неколку екипи“, рекол анонимен извор.
Младиќ денес ќе биде сместен на вториот кат на притворот во Шевенинген, каде што ќе биде пречекан од Веселин Шљивановиќ, Јовица Станишиќ, Франко Симатовиќ, Драго Николиќ, Милан Луќиќ и хрватскиот генерал Маркач, а за храна и добро расположение задолжен бил поранешниот помошник на министерот на српската полиција Властимир Ѓорѓевиќ.
Според анонимните извори, во притворот владеат добри меѓучовечки односи и може да се нарече “Југославија во мало“, а се потенцира дека сите притвореници биле во навистина коректни односи и имаат меѓусебна поддршка. Единствени проблеми кои постојат се заради несогласување во карактерот, а не заради национална припадност. Па, затоа во последно време малку и се заладиле односите помеѓу Роѓа и Шешељ, додал самиот извор.
Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi