Кога првпат ги видов сликите кои се наоѓаат во овој напис, не можев да поверувам дека ова се слики од град кој навистина постои. Баравме портрети од градовите на иднината. Само по некое време ( со внимателно читање на информации во врска со фотографиите), сфативме дека овој град е Дубаи.
Всушност, кога ќе ги погледнете фотографиите направени од страна на Алисдаир Милер, лесно ќе ја разберете мојата дилема. На овие фотографии Дубаи изгледа исто како што ние ги замислуваме градовите како ќе изгледаат за дваесет или повеќе години. Се чини дека иднината на Дубаи веќе се случува…







