Грашокот ги намалува ефектите од стресот

4 јули, 20110
grasok

Порано грашокот важеше за храна за сиромашни, а денес игра главна улога во многу ексклузивни ресторани.

Грашокот содржи многу белковини и го потикнува создавањето на мускулна маса. Само 100 грама грашок го снабдуваат организмот со десет пати повеќе белковини отколку виршла со помфрит или парче торта со шлаг.

Грашокот ќе ве држи сите долго време, бидејќи е богат со тешки материи и полека минува низ дигестивниот тракт. Големиот процент на тешки материи о грашокот има и уште една предност: ги намалува покачените вредности на холестерол.

Освен тоа, грашокот содржи и магнезиум. Само малку издинстан, гршокот станува вистинско антистерс јадење, вели виенскиот експерт за здравје, професорот Хадемар Банкхофер.

Идеален е и како детски оброк, затоа што на децта им ја дава енергијата која им е потребна кога после училиште мораат и да ја напишат и домашната.

Освен што влијае во создавањето на мускулната маса, гршокот ги зајакнува нервите, косата и врзното ткиво, како и видот и концентрацијата.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi