Грчка на распродажба! И децата да си ги продаваат – господ не ги спасува!

popara19 јули, 20111min00
72695

Грчкото министерство за финансии објавило конкурс за финансиските советници за продажба на казина, пошти, рудници, пристаништа и регионални аеродроми, кои треба да бидат приватизирани до 2013 година.

Во огласот се наведува дека треба да се проценат околу десет регионални пристаништа и аеродроми, грчката пошта, казино во близина на тина, концесија за лиценците за казината, рудник на метали, рудник на злато, како и државната железничка компанија Trianose.

Понудите за приватизација на советниците треба да бидат поднесени до 25 јули.

Поради огромниот долг кој преминува над 350 милијарди евра, повеќе од 150% од БДП, доверители на Грција, ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд ја принудија земјата да продаде некои од државните фирми и банки до 2013 година. Исто така предвидено е државата да почне да ги продава своите недвижности од 2015 година.

Владата очекува дека од овие приватизации ќе заработи 50 милијарди евра, што финансиските кругови ја оценија како преамбициозна оценка.

Грција со ЕУ и ММФ преговара за нов пакет на помош, еднаков на оној од 110 милијарди евра кој го доби во мај 2010 година, за да може да се извлече од кризата, а кој се покажал како не доволен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma