Грција парализирана од штрајкови

28 јуни, 20110
111637325_81d9b53e05
Работниците во Грција, денеска и утре ќе штрајкуваат против острите мерки за штедење, што земјата мора да ги спроведе за да избегне банкрот.
Грчките аеродроми денеска и утре ќе бидат затворени на неколку часови, најавија грчките авиопревозници, во склоп на 48-часовниот генерален штрајк на работниците ширум земјата.
Синдикатот на грчките авиопревозници соопшти дека аеродромите ќе бидат затворени денеска и утре на четири часа во текот на утрото и вечерта.
Грчките авиокомпании “Олимпик ер“ и “Еген“ соопштија рано утрово дека десетици летови, главно домашни, се откажани.
Во Грција, за денес е најавен 48-часовен генерален штрајк, во текот на кој ќе бидат затворени банките, болниците ќе работат со намален капацитет, а во штрајкот ќе учествуваат и новинари.
Возачите на трамваи и автобуси, исто така ќе штрајкуваат, додека работниците во метрото во Атина ќе работат со цел да им овозможат на граѓаните да дојдат на најавените протести во престолнината.
Грчките пратеници вчера отворија расправа за острите мерки за штедење кои што во наредните пет години ќе значат драстично намалување на потрошувачката, зголемување на даноците и продажба на државниот имот, со цел земјата да се справи со должничката криза.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi