Грозно видео: Бичуваа глумица во Иран, заради улога во филм! :(

11 октомври, 20110
102016

Техеран- иранската актерка Марзиј Вафамер осудена е на година дена затвор и 90 удари со камшик поради нејзината улога во филм, кој говори за забраната изречена за уметниците во Исламската Република, пишува британскиот Дејли телеграф.

Таа била уапсена во јули бидејќи се појавила во филмот „Мојот Техеран на продажба“, кој наиде на остри критики од иранските конзервативни кругови.

Нејзиниот адвокат поднел жалба, а таа е на слобода бидејќи била платена кауција.

Филмот во кој таа се има појавено е направен во соработка со Австралија и зборува за млада актерка од Техеран чија работа ја забрануваат властите. Поради тоа таа е принудена да води таен живот за да може уметнички да се изразува и работи она што го сака.

Иранската новинска агенција „Фарс“ јавила дека филмот не е одобрен за емитување во Иран и дека илегално се дистрибуира во земјата.

httpv://www.youtube.com/watch?v=47sEhwrq73E

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi