Груевски – Папандреу: Подготвеност за изнаоѓање на решение околу името

24 јуни, 20110
papandreou-gruevski

Премиерот Никола Груевски и грчкиот колега Јоргос Папандреу на средбата на маргините на Европскиот Совет во Брисел изразиле подготвеност за изнаоѓање решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ дијалог и динамичен процес под покровителство на ОН, соопшти македонската делегација.

На средбата која е дел од континуираниот македонско-грчки дијалог и е во насока на подобрување на квалитетот на односите меѓу двете земји двајцата премиери разговарале  за прашањата од взаемен интерес, економските ситуации и предизвици во двете земји и за состојбите во регионот.

Македонскиот и грчкиот премиер изразија подготвеност за изнаоѓање на решение околу прашањето за името, решение кое би се остварило низ дијалог и динамичен процес под покровителство на Обединетите Нации.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *