Доколку во реванш мечот од Лигата на Шампионите Интер не направи сензација за да го надополни минусот од три гола од првиот четвртфинален дуел против Шалке, готово сигурно е дека тренерот Леонардо ќе ги напушти “нероазурите”. Имено актуелниот шампион на Европа и Италија, најверојатно во тој случај ќе остане без двата трофеја од минатата сезона, одкако во Серија А, тимот на Милан повторно се ‘одлепи’ на пристојна разлика по победата во градското дерби, а Бразилецот како главен виновник ќе се најде на врвот на листата на луѓето кој ќе треба да си заминат од клубот. Италијанските медиуми веќе го бараат наследникот на Леонардо, а секогаш добро информираниот “Газета дело Спорт” во среда објави дека на клупата на Интер од лето би можел да седне сегашниот тренер на Барселона, Пеп Гвардиола, кој веќе најави дека му се потребни нови предизвици и дека би сакал да ја промени средината. Дали е во прашање само сензација во италијанските медиуми, или зад планината се крие нешто, ќе дознаеме многу брзо, можеби веќе по реванш мечот во Гелзенкирхен.
Извор: Нетпрес